MAMAБебиња

Лекарите шокирани, поголемо бебе не виделе во живот, еве колку тежи џинчето – дали бебето те возеше дома по породување?

Видеото од породилната сала го гледале 35 милиони луѓе ширум светот.

Advertisement

Во САД се роди едно од најголемите бебиња во последните неколку години, момченце со име Касијан, кое на свет дојде со тежина од 5,8 килограми, дури еден и пол пат повеќе од просечно новороденче.

Веста за неговото раѓање го обиколи светот, а снимката од родилната сала стана вирална, со повеќе од 35 милиони прегледи на Тик ток.

Advertisement
Instagram Printscreen

Мајката, Шелби Мартин, сподели видео од моментот кога го држи своето „џиновско бебе“ веднаш по породувањето, а снимката предизвика лавина коментари.

Корисниците не можеа да поверуваат во големината на новороденчето, а дури и лекарите од болницата изјавиле дека тоа е најголемото бебе родено во последните три години во нивната установа.

Дополнително симболично, Касијан се родил точно на роденденот на својата мајка, а Шелби под видеото напиша дека тоа е „најголемиот подарок што некогаш го добила“.

Advertisement

Веста за ова необично породување стигна и до американската телевизија WSMV, а социјалните мрежи се преполнија со духовити коментари:

„Дали тој те возеше дома по породувањето?“, „Честитки, ама… дали си добро?“, „Требало ова да се истурка до крај“ – се само дел од реакциите на шокираните следбеници на социјалните мрежи.

Многумина претпоставуваа дека породувањето било со царски рез, но мајката не откри детали. Наместо тоа, таа со насмевка изјави дека Касијан е „совршен, голем и здрав“.

Instagram Printscreen

За споредба, просечната тежина на новороденче изнесува од 2,5 до 4 килограми, а должината околу 50 сантиметри.

Малечкиот Касијан, пак, со своите 5,8 килограми и должина е како тримесечно бебе, и затоа стана вистинска интернет сензација и симбол на необични, но радосни чуда на животот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
New Ad
Back to top button