TV

Лек против депресија – три филмови на Нетфликс кои ќе ви го подигнат расположението

Секој од овие филмови ќе ви даде позитивни емоции и ќе ве натера да размислите.

Advertisement

Зимата не е највеселиот период, а поради недостаток на сонце, кашестиот снег и дождливо време, многу луѓе стануваат депресивни,

Ви носиме одличен избор на филмови на Нетфликс кои ќе ви разбудат убави емоции и зрак радост во студената зимска вечер.

Advertisement

Спасен од Руби

Спасен од Руби (Rescued by Ruby) е американски биографски семеен драмски филм од 2022 година, во режија на Кетлин Шеј.

Сценариото е засновано на вистинска приказна за првото куче од засолниште кое станало полициско куче во државата Род Ајленд.

Руби е мешанче од австралиски овчар и бордер коли, а била однесена во засолниште за животни во Род Ајленд откако покажала проблеми во однесувањето.

Филмот се фокусира на полицаецот Даниел, кој се стреми да служи во елитна единица за пребарување и спасување К-9 но никако не успева во тоа зашто нема можност да земе германски овчар. Но слушаќи дека шесот не мора да биде нужно германски овчар, туку дека мора да биде исклучително интелигентно и љубопитно, Даниел одлучува да ја земе Руби од засолништето како свој партнер.

Авантурите на Даниел и Руби во вас ќе разбудат безброј емоции. Филмот е полн со позитивни пораки за тоа да не се откажувате од луѓето (или од животните!), дека со напорна работа и со упорност може да се оствари секој сон, без разлика на се.

Стаклениот замок

Стаклениот замок (The Glass Castle) е вистинска приказна базирана на истоимениот роман на Жанет Волс. Жанет пораснала со мајка и татко кои биле номади. Иако се интелигентни и надарени, нејзините родители избрале да живеат живот кој остава длабока трага на нивните деца.

Постојаното движење, алкохолизмот, непостојаните работни места и лажните ветувања го одбележаа нејзиниот живот, а нејзината борба со сите овие пречки е инспирација што мора да ја погледнете.

Сложувалка

Сложувалка (Puzzle) е приказна за Агнес, домаќинка која живее со своето семејство во предградие на Њујорк. Нејзиниот живот се состои од одење во црква, готвење, подготовка и грижа за другите.

Како и многу мајки и сопруги кои сме ги запознале во животот, Агнес се става себеси на последно место. Но, сето тоа завршува кога ќе добие илјада парчиња сложувалка за својот роденден и ќе ја состави во рекордно време.

Наскоро во продавницата наидува на оглас во кој некој бара партнер за натпревар во решавање на сложувалки. Ова ја доведува до Роберт, а тој ја тера целосно да го промени погледот кон животот, себеси и другите.

Овој прекрасен филм ќе ви докаже дека никогаш не е доцна да се сакате себеси и да се ставите себеси на прво место.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button