CelebrityНаши ѕвезди

Легендарниот Врчак се враќа на сцената – „Поради смртта на Панчо ја преместивме промоцијата на албумот“

Advertisement

Раперот Раде Врчаковски – Врчак по подолга пауза повторно ја раздвижи јавноста со искрена објава за своето враќање на музичката сцена. Тој откри дека го финализира новиот македонски албум, кој според неговите зборови, е еден од најдобрите во неговата кариера.

„Нов албум наскоро! Сите велат дека албумот е врв. Албумот ќе биде посветен на љубовта кон целиот женски род во човештвото и ќе биде бесплатен за сите“, напиша Врчак на својата страница, истакнувајќи дека со новата музика сака да испрати силна, позитивна порака.

Advertisement

Планираната премиера во декември е одложена поради смртта на Владимир Блажев, па албумот ќе биде промовиран во јануари. По тоа, почнуваат подготовките за големата американска промоција на неговиот меѓународен албум, снимен во прочуените студија во Холивуд, со учество на истакнати музичари и инженер кој работел со светски познати артисти.

Албумот за американскиот пазар веќе е подготвен со сите потребни ознаки и ќе биде издаден преку реномирана музичка куќа, што Врчак го смета за голем чекор во својата кариера.

Тој со посебна емоција се осврна и на поддршката што ја добил од Панчо и Андреј од групата „ДНК“, со кои сними заедничка песна пред нивната прерана смрт. Како што истакна, токму нивната поддршка го охрабрила повторно да се врати пред публиката.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button