Вести

Легендарниот пејач ја изгуби битката со ракот на 51 годишна возраст – со тажна вест семејството го шокираше светот

Д’Анџело, легендарниот R&B пејач почина на 51-годишна возраст.

Advertisement

Семејството на пејачот потврди дека тој починал, во изјава за американскиот медиум „Variety“:

„Сјајната ѕвезда на нашето семејство го угаси своето светло за нас во овој живот… По долга и храбра борба со ракот, со тага објавуваме дека Мајкл Д’Анџело Арчер, познат на своите фанови ширум светот како Д’Анџело, го напушти овој свет денес, на 14 октомври 2025 година.“

Advertisement

Тие додаваат дека иако тажни, остануваат благодарни за музичкото наследство кое го остави:

„Тажни сме, но тој остави драги спомени на семејството, вечно сме благодарни за исклучително длабоката музика што ја остави зад себе. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност во овој тежок период, но ве повикуваме да се придружите во жалоста за неговото заминување, истовремено славејќи го дарот на песните што ги остави на светот.“

Advertisement

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michelle Stokes (@michellestokes)

Луѓето блиски до Д’Анџело се присетија на него на социјалните мрежи. DJ Premier, кој го продуцираше неговиот хит „Devil’s Pie“, напиша: „Толку тажно заминување на Д’Анџело. Имавме многу сјајни моменти. Многу ќе ни недостигаш. Почивај во мир, Д’Анџело. LOVE YOU KING.“

Д’Анџело, мистериозна и исклучителна фигура во музичкиот свет, објави три албуми за време на својата кариера: дебитантскиот Brown Sugar во 1995 година, Voodoo во 2000 и последниот Black Messiah во 2014 година со издавачката куќа Vanguard.

Со албумот Brown Sugar разви препознатлив звук, спојувајќи класични R&B мотиви со хип-хоп влијанија, додека со Voodoo создаде подлабок, соулфул израз.

принтскрин инстаграм

Освои четири Греми награди за последните два албума и беше клучна фигура во почетокот на ерата на нео-соул музиката.

Музиката беше присутна во неговиот живот уште од детството, почнал да свири клавир на три години и настапувл во црквата каде што служеч неговиот татко, кој бил свештеник.

Како тинејџер настапувал локално во повеќе бендови.

Во 1993 година потпиша договор со ЕМИ и напиша хит за групата Black Men United (B.M.U.) – „U Will Know“. Дебитантскиот албум Brown Sugar излезе во јули 1995 година, се задржа 65 недели на Билборд 200 и донесе хитови како „Lady“, „Cruisin’“ и насловната песна.

По кратката пауза следеше албумот Voodoo, кој се смета за еден од темелите на R&B и соул музиката на почетокот на 2000-те.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

New Ad
Back to top button