Легендарниот македонски бенд „Меморија“ реши да ги открие своите тајни – фановите во шок!

Легендарната македонска поп-рок група „Меморија“ ја заокружува 2025 година со двојно изненадување за своите обожаватели.
По концертот закажан на 25 декември во 20 часот во МКЦ – Скопје, бендот ќе ја отвори и изложбата на фотографии „Меморија 1983-2025“, која нуди ретроспектива на повеќе од четири децении музичка историја. На изложбата ќе бидат претставени фотографии од сите членови на бендот, нивните концерти, проби и незаборавни моменти од сцената.
Настанот е посвета на музиката, пријателството и верната публика. Изложбата ќе биде свечено отворена на 22 декември во 12:30 часот во МКЦ, веднаш по прес-конференцијата на групата. Претстојниот „All Stars“ концерт ќе ги собере членовите од различни периоди на „Меморија“ со цел да ја прошета публиката низ нивниот репертоар, од најголемите хитови до ретко изведуваните песни.
Настанот ветува автентично доживување и патување низ четири децении македонска рок историја.



