Рецепти

Леб со лук и кашкавал

Реклама
Реклама

Па има ли поубав мирис од домашен леб што се пече?

Овој пат ви предлагаме малку поинаков леб со лук и кашкавал кој сигурно ќе ви се допадне. Рецептата ја пронајдовме на блогот Laurenslatest.

Маркетинг

Состојки:
·    Шолја топла вода
·    Лажица мед
·    Кесенце сув квасец
·    3 шолји брашно
·    Маслиново масло
·    150 гр. тврд кашкавал (кашкавал, гауда, едамер)
·    ½ шолја путер од лук

Во соодветен поголем сад измешајте ја водата, медот и квасецот и оставете да стаса околу пет минути. Кога ќе стаса квасецот, додајте го брашното и замесете рамномерно тесто. Премачкајте го тестото со маслиново масло, покријте го со крпа и оставете го да стасува.

Маркетинг

По околу еден час, кога ќе стаса тестото, поделете го на два еднакви делови и од нив формирајте два тенки и долги лебови, завиткајте ги малку да добијат спирална форма, ставете ги на плех за печење, повторно прекријте ги и оставете ги да отстојат уште половина час.

Загрејте ја рерната на 200Ц, а пред да го ставите лебот да се пече, намалете на 160Ц и печете го околу 20 минути. Додека се пече лебот исечете го на тенки листови кашкавалот и растопете го путерот од лук.

Кога ќе се испече лебот, кога ќе добие убава боја, извадете го од рерната и оставете го да се олади петнаесетина минути, па со ножот направете засечоци, како да ќе го сечете лебот на парчиња, но не сечете до крај.

Секоја вдлабнатина ја премачкувате со путер и ставате парче кашкавал и потоа враќате назад во рерната и печете уште 5 минути за кашкавалот да се растопи и запече.

Путер од лук

Состојки:
·    Шолја омекнат путер
·    Лажица ситно мелен лук
·    Сол, бибер
·    Италијански зачини, пармезан, црвена пиперка (по желба)

Убаво измешајте ги сите состојки, ставете ги на пластична фолија, обликувајте во колбас, замотајте и оставете во фрижидерот да се стврдне.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button