NEWSВести

Лажен поп со мантија и кандило мамел луѓе за пари на гробиштата во Ѓорче Петров, верниците шокирани

Advertisement

Викендов на гробиштата во Ѓорче Петров и скопско Волково, лице облечено во мантија се претставувало како свештено лице и нудело да врши погребни обреди за пари.

Од Министерството за внатрешни работи потврдија дека на 1 ноември 2025 година, на гробиштата во Ѓорче Петров, полициски службеници од ОКР Ѓорче Петров го легитимирале Б.П., кој извршувал верски активности.

Advertisement

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

И претходно беа забележани облечени во црни мантии и со долги бради, лажни свештеници кои тропаат на вратите на граѓаните во поголемите населби и градови во државата и им продаваат икони и разни црковни пари, а за возврат им бараат пари.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button