Кога ќе се спомене личност родена во знакот Лав, сите најпрво помислуваат на неговата суетност и големо его. Но, покрај тоа, ако сте личност родена во знакот Лав, вие треба да се гордеете зашто поседувате и голема хуманост.
Повеќето луѓе никогаш не успеваат да ја видат оваа ваша страна. Тоа е така, бидејќи вие сте многу затворена личност кога станува збор за добрите дела кои ги правите, ко божем да чувате некоја државна тајна. Вашата длабока потреба да им помагате на другите луѓе е честопати засенета од карактерот кој го прикажувате пред светот. Последната работа која што сакате да се случи, е некој да се сомнева во вашите акти на хуманост.
Оваа ваша особина може да изгледа дека е контрадикторна на вашата позерска улога која ја прикажувате пред светот, но вашето големо срце е навистина многу дарежливо и милосливо и ве тера да се вклучите во некоја добротворна акција.