Како што минува времето, така сфаќаме кои се главните мани на нашите блиски личности, но и на нас самите. Секако, тоа е поврзано и со хороскопскиот знак (за оние што веруваат во ѕвездите, нели?), па во продолжение ви прикажуваме кратко објаснување за секој хороскопски знак.
Овен
Темпераментните Овни често не знаат да го контролираат својот бес. Поради тоа често се агресивни.
Бик
Кај овој хороскопски знак најмногу нервира неговата тврдоглавост. Дури и кога не се во право, Биковите ќе пронајдат начин да ве уверат во она што тие го зборуваат.
Близнаци
Тие ќе ве заведат со уабвите зборови, но ќе ве разочарат со лагите. За нив животот е една голема игра во која не им е важно дали ќе повредат некого или не.
Рак
Раковите ги доведуваат до лудило оние околу себе со своите непрекинати промени во расположението. Токму поради тоа тешко е да знаете што тие навистина мислат.
Лав
Личностите родени во овој знак се родени заводници. Иако тоа си го сметаат за една најголема доблест, нивните партнери не се согласуваат со тоа. Тие флертуваат каде ќе стигнат, а тоа им пречи на нивните сопружници.
Девица
Ако не се однесувате во склоп со нивните правила, непрекинато ќе го слушате нивното проповедање. Карањето со другите им е како нешто секојдневно и нормално.
Вага
Вагите многу брзо ја променуваат својата одлука. Ако ги изнервирате пак, многу брзо ќе ве исклучат комплетно од својот живот. Притоа и често се жалат, а тоа може да биде многу напорно.
Скорпија
Љубоморните Скорпии се подготвени да направат вистински скандал ако се посомневаат во својот партнер. Но, освен на љубовен план, Скорпиите својата љубомора ја истакнуваат и во пријателството.
Стрелец
На Стрелците им е важно да доминираат во секоја ситуација. Често ќе ве повредат со своите бесчувствителни зборови, а она што посебно ќе ве разлути е нивната неспособност да ги слушаат другите.
Јарец
Песимистичните Јарци не забораваат ниту една грешка која сте ја направиле во минатото. Нивните амбиции, цели и успех им се поважни од нивниот партнер.
Водолија
Животот со Водолиите е една голема лекција. Тие секогаш ќе ве уверат во тоа дека тие знаат најдобро, а исто така често ги навредуваат другите.
Риби
Рибите се неорганизирани и со слаб карактер, па често ќе мора да ги потсетувате за да извршат некоја задача. Иако не пружат доволно добри работи, тие од другите го очекуваат тоа.