LIFESTYLEХороскоп

Лавовите сакаат да се центар во светот, но да признаеме, успеваат во тоа!

Advertisement

Лавовите се личности кои секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието. Нивен владетел е Сонцето, па така, сакаат сите нешта да се вртат околу нив.

ФОТО: Freepik

Ако имате пријател роден во овој хороскопски знак, сигурно ја забележувате оваа нивна очигледна карактеристика. Тие зрачат со својата енергија, лидерство и волја за живот и за разлика од некои други хороскопски знаци, Лавовите се целосно свесни за тоа и на тој начин ја зголемуваат нивната самодоверба.

Advertisement

Дајте им внимание и вие ќе бидете омилената личност во нивното друштво. Ако не им дадете внимание, тогаш се однесуваат како мали, разгалени деца. Доколку преовлада нивната темна страна, знаат да станат тешки, напорни, арогантни, себични и не мислат на друг освен на себе.

Со Лавот се поврзува огнот како елемент, па имајте предвид дека со нив ќе ви биде прилично жешко! Оние родени под овој знак се бестрашни и силни. Овие луѓе имаат топли срца и сакаат да бидат среќни, но и да ја споделуваат среќата со другите околу себе. Со својата забавна и креативна страна, успеваат да остават впечаток каде и да стигнат!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button