Лавовите се вистински заводници кои заводници кои не ретко знаат да скршат срце. Тие се познати по тоа што секогаш сакаат да бидат во центарот на вниманието, а во друштвото се најгласни и најдоминантни. Лавовите се вистински заводници и вешти љубовници, па ретко кој не паѓа на нивниот шарм. Но, токму тоа може да биде и проблем.
Всушност, Лавовите се големи шармери при што понекогаш сакаат само игра и со тоа го повредуваат својот партнер. Но, не значи дека тие не веруваат во љубовта. Еднаш кога ќе го пронајдат својот партер за кој сметаат дека им е сродна душа, Лавовите стануваат верни и посветени.
Уживаат во вниманието кое го добиваат кога некоја личност ќе се заљуби во нив, па затоа, ако влегувате во сериозна врска со личност родена во овој знак, најдобро е да не ги искажувате на почетокот своите емоции, туку да останете таинствени додека не видите дека и Лавот е целосно заљубен во вас.
За Лавот е карактеристично тоа што не знае да ја сокрие љубовта, туку од километар се забележува кога овие личности се вљубени. Партнерот за овие личности треба да исполнува одрдени критериуми кои и не се толку ниски!