Некому месец мај носи многу изненадувања, но на Лавовите им носи мали љубовни проблеми.
За оние Лавови кои се во љубовна врска или брак, следи многу комплексен месец, особено неговата прва половина. Односот со партнерот ќе ви бара дефинирање, што е последица на тоа што имавте напорен период во кој доста проблеми се насобраа под површината и кои останаа нерешени. Во некои врски може да дојде до заладување на односите, до оддалечување, а некои пак за жал може да се соочат со прекинување.
Од друга страна, оваа енергија на некои претставници на овој хороскопски знак може да им донесе големи промени, па покрај сите ситуации, паровите ќе може подлабоко да навлезат во душата на другиот, па ситуацијата ќе направи некои да се одлучат за влегување во брак или пак за заеднички живот. Во секој случај, во која ситуација и да се наоѓате, мора да направите одредена граница, за да видите каде сте вие и вашиот партнер и во која насока одите.
Вториот дел од месец мај ќе ви биде постабилен и ќе сфатите колку до сега сте донеле исправни одлуки и дали е потребно нешто да корегирате. Ако сте слободен претставник на овој знак, тогаш ќе бидете исполнети со многу шарени ситуации. Можно е обнова на стара љубовна врска, а можни се и нови познанства и заљубувања. Како и да е, во игра е голема страст и тешко ќе можете да им одолеете на вашите чувства.