Кога станува збор за финансиите, несомнено можеме да кажеме дека Лавовите сакаат луксуз и уживаат да трошат пари на уживање и задоволтво. Сакаат другите да им завидуваат, па често имаат најскапа облека, парфеми и накит, а уште повеќе уживаат и во добар автомобил и уреден дом за живеење.
Тие се великодушни, па не трошат пари само на себе, туку и на луѓето кои ги сакат, па притоа ги частуваат во некои луксузни ресторани и заминуваат на кратки патувања. Дури и ако не заработуваат многу, личностите роедни во овој хороскопски знак ќе се потрудат да не го дознаат тоа другите, па и понатаму ќе живеат на „висока нога“.
Ваквото однесување често ги води кон финансиски проблеми, но храбриот и горд Лав знае како да дојде до пари, па на крајот секогаш успева да се воздигне. Сака да вложува пари во злато, сребро и накит…