Лавовите се однесуваат многу наклонето кон своите познаници и пријатели, но секогаш се обидуваат да им покажат дека се над нив и дека тие ја носат позитивната енергија во друштвото. Тие се полни со волја и енергија и многу амбиции.
Имаат огромна одговорност за своето семејство и уживаат кога тие им се обраќаат за совет или помош. Понекогаш се конзервативни и со старомоден вкус. Лавовите околи себе сакаат многу комфор, а ако не се во можност да го остварат тоа, ќе се потрудат да создадат лажна слика и да уживаат во тоа. ги презираат сите примитивни луѓе и не сакаат спонтаност, туку сакаат планови и организација.
Не отстапуваат од своите идеи, но тие секогаш им носат среќа и добри позиции во животот. Сакаат големи забави и церемониии и сакаат секогаш да ги претставуваат своите успеси пред другите. Многу бараат од животот и мислат дека тоа е природно. Многу се мудри, морални и постојани во своите ставови.