Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Лав – отворена личност која во љубовта не ги крие своите емоции

Реклама

Лавот сака партнер со кој ќе постигне сигурност во својот живот. Во бракот е сериозен и не реагира на озборувањата за кои мисли дека тоа луѓето го прават од завист. Најпрво има потреба за нежност, а потоа ќе ја покаже својата страственост.

Кога се заљубува, Лавот се труди повеќе да го подобри својот изглед, став и начин на однесување, за да ѝ се допаѓа на избраната личност. Меѓутоа, Лавовите немаат страв отворено да ги покажат емоциите, па дури им одговара кога изјавуваат љубов во јавност, пред публика. Ако од првиот пат не им успее да заведат некоја личност, тоа нема да го сфатат толку трагично, затоа што вистинскиот Лав нема да се откаже од она што го сака!

Маркетинг

Кога води љубов секогаш има впечаток дека се гледа самиот себе, се однесува како глумец и многу тешко вистински се предава. Во почетокот ќе настојува да ја задржи својата доминација, улога на господар меѓутоа ако се препушти на партнерот многу лесно може да се загосподари со него. Тој обожава во љубовните игри да биде совладан. Семејството му е морална должност.

 

Маркетинг

Поврзано

Back to top button