Личностите родени во овие хороскопски знаци секогаш се организирани и тоа ги прави многу среќни. Тие сакаат да ги имаат конците во свои раце и секогаш да ги конторолираат работите.
Лав
Нивното его е навистина до небото и само поради тоа тие сметаат дека нивниот начин на правење на нештата е единствен и најправилен. Преголемата самодоверба некогаш може да биде и доста нападна, но тоа секако им помага да бидат успешни лидери. Нивната желба за ред и контрола не потекнува од нив самите, туку од помислата дека сите останати ја имаат истата потреба. Одлични се кога треба да се изборат за нова работа, а без оглед на нивното его, кое избива од секоја пора, сепак се успешни во она што го работат.
Јарец
Тие не сакаат да кршат правила и често се водат по однапред зададен тек на задачата. Имаат изразена смисла за правда и одговорност и поради тоа не е чудно што често ги гледаме во првите борбени линии кога треба нешто да биде исконтролирано. Поради тоа и се одлични шефови и менаџери и често може да го жртвуваат слободното време, ако тоа значи дека задачата ќе ја завршат така како што треба.