LIFESTYLEХороскоп

Лав и Вага – љубовен пар подготвен да ги премине сите животни бури

Advertisement

Овој пар е карактеристичен по тоа што го поврзува длабоко пријателство на кое ниту едниот ниту другиот не забораваат, дури и кога се во средина на најголемата кавга. Лавот е голем освојувач кој смета дека не постои личност која нема да падне на неговиот шарм, а кога ќе наиде на Вага ќе сфати дека мора да го промени својот пристап. Затоа, кон неа се однесува заштитнички и пријателски. Нему ќе му биде потребно повеќе време, но сепак ќе успее да го освои срцето на Вагата.

Advertisement

Бидејќи Лавот честопати смета дека повеќето работи му се дозволени, Вагата честопати ќе му застане на патот и ќе му предложи подобро да размисли. Иако Вагата е смирена, сепак, и таа ќе има свои моменти каде што не ќе може да се избори со темпераментот на Лавот.

Кога Лавот ќе почувствува дека Вагата не му е целосно посветена и дека постои можност да ја изгуби, ќе се обиде да ја придобие со скапоцени подароци или со добро смислени изненадувања.

Вагата не е имуна на луксузот кој ѝ го нуди Лавот, но тоа не ѝ е доволна причина за да ги преброди егоистичните моменти. Иако нивните животни цели не се идентични, сепак, тие се држат заедно и кога-тогаш наоѓаат заеднички јазик. Во нивниот однос постојат турбуленции, но ни едниот ни другиот не можат да замислат да бидат разделени!

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button