Секој ученик на ПМФ, па и Горан Пандев, знае дека основниот закон на физиката вели дека секое тело оди побрзо од другото доколку е полесно од него,а погонот му е со иста сила.
Со примената на тој принцип Gallardo Superleggea ќе биде побрз од Gallardo Vulgaris, најмногу поради фактот дека е некои 100-на кила полесен. Анорексичниот Gallardo, манекенската тежина му ја должи на ’чупањето‘ на сé метално што можело да се исчупа и се замени со карбон и транспарентен поликарбонат. За поголемата брзина и зaбрзување придонесува и 10 коњски сили посилниот мотор (вкупно 530 КС, при налудничави 8 300 движења), па модифицираниот издувен состав и посебниот превез. Сето наведено овозможува 100 km за 3, 8 секунди, со почит кон високите еколошки норми EURO4. Во додатната опрема може да се нарачат и тркачки појаси со 4 точки на затегнување за удобно просеравање во саботните обиколки на популарните средношколски свртилишта!
Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!
Врати се на првата страна.