Реклама
Шминка

Топ 15 нијанси на лакови за нокти што ќе ги носиме оваа есен

Реклама

Еве кои бои на лакови ќе бидат „must-have“ во козметичките торбички на најпознатите трендсетерки во наредните неколку месеци.

Новите колекции на лакови за нокти се богати со топлите есенски бои кои изгледаат грациозно, елегантно и на кои секогаш радо се навраќаме. Па ако во текот на летото уживавме во коралните и розовите нијанси, во наредниот период во главна ролја ќе бидат лаковите во бојата на виното, златото и зелените шатки (!), но и во сите нијанси на величествената сива боја.

Маркетинг

ЗЛАТНИ НИЈАНСИ

Маркетинг

Вистинска сензација за оваа есен! Сега, покрај омилените металик сандали, златен накит или високи потпетици можете да носите и маникир во златна боја.

Ако пак, не сте сигурни дека ќе се чувствувате ОК со нокти во оваа боја, тогаш пробајте барем со по еден нокт на двете раце, додека другите лакирајте ги во некоја друга боја.

СИТЕ НИЈАНСИ НА СИВО!

Да, опсесијата со оваа боја се уште владее на модната сцена и овој пат покрај модните парчиња во оваа боја, во тренд се и сивите нокти.

Тие се лесно носливи и одговараат на секоја модна комбинација, додека сивата матирана нијанса ќе ги подигне есенските тонови на вашата облека.

Пробајте, нема да зажалите!

СМАРАГДНА КРАЛИЦА

Смарагдната боја која владееше претходната есен повторно се враќа на модната сцена со својот дискретен шарм но овој пат преку бојата на ноктите.

Таа оваа сезона ќе биде вистински хит како и сите останати зелени нијанси.  

ДЕВОЈКА ОД БРОНЗА

Бакарните нијанси потсетуваат на 90-тите и доколку сте девојка со потемен тен оваа боја е нешто што МОРАТЕ да го пробате!

КРАЛСКА СИНА

Тиркизните нијанси беа во мода преку летните месеци, а сега нивното место ќе го заземат темните сини нијанси. Станува збор за нијанси кои потсетуваат на самрак или на темните есенски ноќи кои што ги сакаме сите. Но, внимавајте, оваа нијанса бара поголемо внимание и трпение додека ја нанесувате, а на оние коишто ќе ја пробаат, на крајот сепак трудот ќе им се исплати затоа што овој лак изгледа елегантно и посебно со секоја комбинација што ќе ја носите.

ЦРНО ВИНО

По усните во боја на вино и вишна, оваа сезона во мода ќе бидат ноктите во овие заводливи нинајси.

И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: БОРДО БОЈА Е НОВАТА ЦРНА!

Есента е вистинско време за бордо лакови. Една од омилените нијанси на која често се навраќаме кога е еснескиот и зимскиот маникир во прашање, особено оваа година во која оваа боја беше прогласена за боја на годината од институтот за бои Патон.

Таа е доволно темна и елегантна, а повторно не е црна. Овие нијанси се достапни на пазарот и кај нас навистина постои голема понуда, а ние ви ги препорачуваме лаковите од колекцијата „Supreme“ на „Seventeen“ кои сигурно ќе ги освои љубителките на црвените бои. Но, не заборавајте под лаковите во овие нијанси да користите база за нокти (види тука).

ЗЕМЈЕНИ БОИ

Не можеме да си ја замислиме есента без овие бои, а тоа важи и за нашите нокти. Тие се хит секоја сезона токму поради нивната едноставност и убавина на боите кои се приливаат во разни нијанси на кафена, зелена, беж или сива боја.

ВОЈНИЧKА ЗЕЛЕНА

Без разлика на вашиот look, војничките зелени нијанси се IT бои за оваа сезона.

Тие одлично ќе се вклопат во секоја комбинација и на целиот изглед ќе му додадат едена интересна и уникатна стајлиш нота.

Па, која е вашата омилена боја за оваа сезона?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button