Девојки, дали сте подготвени за суптилни, нежни и впечатливи нијанси? Да, токму тие ќе го имаат главниот збор оваа пролет во палетата на лакови за нокти.
Дамите кои ги следат трендовите во светот на маникирот и секоја сезона внимателно ги избираат нијансите, сигурно ќе се израдуваат од новите вести. Имено, во новата сезона пролет 2016, покрај стандардните весели бои, ХИТ ќе бидат и минималистичките и металик нијанси кои обично ги носиме во текот на зимскиот период. Популарни ќе бидат и омбре и францускиот маникир, кои се во мода и оваа сезона, но во малку поинакво руво. Исто така и црниот и бел мат маникир нема да излезат од мода, а слободно можете да си играте и да ги украсите ноктите и со линии и интересни геометриски фигури.
Проѕирно и сјајно
Дококу пак сте девојка која ги сакаа суптилните и нежни нијанси, тогаш дефинитивно ќе ви се допаднат пастелните или проѕирните лакови со невпечатливи светки, а наши фаворити се неодоливите комбинации од бел и металик лак.
Погледнете ги десетте лакови за нокти кои ќе ги носиме оваа пролет, а доколку сакате да ги видите (но и да ги нарачате!) најбараните лакови за 2015 според интернет продавницата за облека и козметички производи Трговски.мк, кликнете тука.
Жолта
Зелени детали
Тенки линии и сребрени нијанси
Бакарно
Златни металик нијанси
Кралска сина боја
Црвени линии
Црна мат боја
Пастелни нијанси
Кликнете тука или на линкот во продолжение и погледнете ги најубавите идеи за нокти кои ќе бидат во мода следната пролет.
види повеќе » |