Како ви звучи лак за нокти со вкус на шампањ?
После лакот за нокти со вкус на пилешко месо, кој го лансира американскиот ланец за брза храна KFC, француската компанија Групон нуди лак со нов вкус – италијанско пенливо вино.
После лакот за нокти со вкус на пилешко месо, кој го лансира американскиот ланец за брза храна KFC, француската компанија Групон нуди лак со нов вкус – италијанско пенливо вино. Тој го има неговиот вистински вкус и мирис, има металик златна боја, а и светка кога ќе биде нанесен на ноктите. Моделот во рекламата тврди дека лакот за нокти може да се лиже и да се ужива во вкусот на италијанското пенливо вино. Иако може слободно да се лиже, лакот не е за пиење, што е јасно наведено на шишето. Француската компанија го направила овој лак за нокти по повод Денот на мајката, но уште долго нема да се најде на продажба.