Ладниот и депресивен јануари не е добар за да донесувате одлуки, еве кога е идеалното време за тоа
Почетокот на годината обично е време кога донесуваме одлуки и кроиме планови за одредени промени.
Меѓутоа, голем број луѓе брзо се откажуваат од истите. Еден психолог тврди дека подобро е да донесувате важни одлуки на пролет, отколку во зима. Пролетта со себе носи добро расположение, за разлика од ладниот и депресивен јануари.
„Можеби треба да заборавиме дека 1 јануари е најдобро време за донесување одлуки. Можеби ова е најтешкиот месец во годината за промени“, вели психологот и додава дека ладното време го отежнува постигнувањето на посакуваните цели.
Падот на расположението кое настапува после празниците не е добар за промени. Тоа може да значи помала мотивација за нови одлуки. Па, нема ништо лошо да почекате неколку месеци, кога околностите ќе бидат подобри и поповолни за одлучување.