Обидинетите нации ја прогласија 2013-та година на квинојата.
Доколку се уште не сте ја пробале оваа житарка,
тогаш крајно време е да го направите тоа.
Квиноја е житарка која може да се јаде и со благи и со солени јадења. Таа има одличен вкус кога се јаде со зеленчук, печурки и месо, потоа со салати и супа, па затоа нема ниту една причина поради која треба да ја прескокнувате.
Житарките се извор на сложени јаглехидрати за кои е потребно дополнително време за да се разложат во огранизмот, па затоа тие се извор на долготрајна енергија. Тие се добри за здравјето, особено затоа што делуваат на болестите како дијабетис, кардиоваскуларните болести, а добри се и за болестите на дигестивниот тракт.
Поради хранливите состојки, а и поради фактот дека може да се одгледува на различни климатски подрачја, ОН веруваат дека квинојата би можела да има важна улога во борбата против гладта во светот.
Квиноја е богата со белковини, калциум, железо, фосфорни влакна, витамин Е и Б. Таа НЕ содржи глутен. Се вари околу 20 минути и многу едноставно се подготвува, а може да се јаде сама или во комбинација со други житарици. Погодна е и како за благите, така и за солените јадења. Таа одлично оди со зеленчук, печурки и месо, како и со салата и супа.
Еве неколку рецепти како можете да ја јадете оваа житарка
Квинојата е богата со белковини, калциум, железо.. и НЕ содржи глутен
Квоноја има зрнца кои имаат горчилав сапунест вкус, затоа најдобро е најпрво добро да се измие со протечна вода. Потоа во лонец ставете дупло повеќе вода од она количество што планирате да ставите квоноја и кога водата ќе зоврие, ставете ја во лонецот.
Како да ја сварите?
Треба да ја варите на тивок оган најмалку 15 минути, а ќе биде готова кога нејзините зрнца ќе бидат набабрени и полупроѕирни.
Извор: ordinacija.hr, sensaklub.hr, Штипка