Квасец – одличен пријател за нега на кожата, косата, ноктите, но и за подобрување на вашето здравје
Квасецот најчесто го користиме за подготовка на различни теста, но овој додаток може да биде и одличен сојузник за нега на вашата кожа, коса, нокти, како и зза подобрување на вашето здравје.
За кожа
Пивскиот и пекарски квасец претставуваат идеален извор на хранливи материи. Содржат витамини кои се задолжени за рехабилитација на кожата, додека минералите активно ја хранат и ја прават поеластична и поотпорна.
За коса
Косата која е третирана со квасец расте побрзо, станува посилна и поотпорна. Квасецот ја штити од пукање, па помалку опаѓа.
За нокти
Благодарејќи на витаминот Б и минералите како што е калциум, железо, јод и магнезиум, со кои е богат квасецот, ноктите стануваат посилни и растат побрзо. Така и помалку се склони кон пукање.
За здравје
Сувиот пивски квасец претставува извор на многу хранливи состојки: Белковини, амино киселини, јаглени хидрати и секако витамини и минерали. Тој помага при стрес, анемија, остеопороза и други заболувања. Во пивскиот квасец се наоѓаат главно сложени шеќери, па затоа може да се користи и во исхраната на дијабетичарите.