Дом и семејство

Купи стар шкаф за ситна сума – пронајде скриено богатство, но пресвртот што следува е шокантен

Американец во Тексас откри тајна фиока во внатрешноста на шкафот што го купи на распордажба. А во фиоката - накит, злато и историски предмети стари повеќе од еден век и со неверојатна вредност.

Advertisement

Емил Кнодел, пензиониран маркетинг директор и страстен љубител на антиквитети, тргнал на распродажба во Мисури Сити, Тексас. Така, налетал на целосна распродажба на мебел, предмети за домаќинство, и различни ситници што останале по смртта на сопственикот на куќата.

Но неговото внимание го привлекол еден многу стар шкаф со три фиоки и масивна мермерна плоча одозгора. Иако мебелот имал веќе 125 години, изгледал добро сочуван и со уникатен шарм. Цената? Само 100 долари, затоа што било трет ден од распродажбата, а никој дотогаш не се одлучил да го купи.

Advertisement

„Бидејќи има убав мермерен горен дел, се надевав дека ќе изгледа прекрасно во мојата трпезарија,“ објасни 67-годишниот Кнодел.

принтскрин јутјуб

Звук што ја откри тајната

Со помош на Џеф Ален од агенцијата за надвижности, Кнодел почнал да го товари шкафот во возилото. Во тој момент, се слушнал чуден метален звук кој одекнувал од внатрешноста.

„Штом го поставивме превртен настрана во возилото, нешто почна да тропа однатре. Се прашувавме што се случува, бидејќи мебелот изгледаше сосема обичен,“ раскажува Ален.

Advertisement

Долго време се обидувале да откријат од каде доаѓа звукот, не не успеале да најдат ништо. Кога одлучиле најдетално да ја проверат внатрешноста на шкафот, пред нив се открила сцена каква што не очекувале – мебелот имал скриена вградена фиока, вешто изработена под трите видливи фиоки.

Богатство старо еден век

Кога тајната фиока ја отвориле, внатре ги чекале предмети што раскажувале приказна стара повеќе генерации: накит со смарагди и дијаманти, злато, пари, прстени, воени ознаки, па дури и прамен коса внимателно завиткан во хартија.

Меѓу нив имало и сочувани спомени од времето на Американската граѓанска војна, што е вистинско историско богатство скриено повеќе од еден век.

„Тоа беше вистински адреналински момент. И двајцата бевме шокирани, стоевме и гледавме во богатството што излезе од шкафот,“ се сеќава Ален.

принтскрин јутјуб

Чесноста го надвладеа искушението

Но, наместо да се препушти на искушението, Кнодел веднаш знаел што треба да направи. Моралната дилема траела само една секунда.

принтскрин јутјуб

„Јас купив шкаф. Не ги купив тие предмети. Ако ги задржев, никогаш немаше да се чувствувам исправно. Би имало сенка над целото тоа нешто. Подобро е да се врати сè на оние на кои им припаѓа,“ изјави тој.

Како поранешен маринец, Кнодел вели дека неговата животна филозофија секогаш била да го направи вистинското нешто.

принтскрин јутјуб

И неговиот помошник Ален без двоумење се согласил: „Нашата прва реакција беше да го побараме сопственикот. Никој од нас не размислуваше да ги задржи предметите.“

Кнодел и Ален веднаш стапиле во контакт со извршителот на имотот, односно со синот на починатиот сопственик на куќата. Кога му ја соопштиле веста, тој бил изненаден и возбуден.

принтскрин јутјуб

„Се сеќаваше на шкафот од неговото детство во куќата на баба и дедо во Мичиген, но никогаш немал идеја дека постои тајна фиока,“ раскажува Ален.

На крајот, сите предмети биле вратени на семејството. За нив тоа не биле само накит и пари, туку лични спомени, парчиња историја што раскажуваат за животите на нивните предци.

Според експертите, шкафот потекнува од околу 1890 година. Иако сам по себе има ретка антиквитетна вредност, вистинското богатство беше приказната што ја откри во себе, но уште поголема вредност има чесноста и моралот на човекот што можат да надвладеат над алчноста.

„Најголемата награда е што направив исправна работа. Богатството не беше мое. Но чувството дека им го вратив на оние што навистина им припаѓа, тоа е нешто што не се купува со пари“, вели Емил Кнодел.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button