„КУМОТ Е ВЕЌЕ МРТОВ, ПАРИТЕ СЕ ПОВАЖНИ“ Лавина од коментари, потегот на Лепа Брена ја згрози јавноста, само два дена по смртта на Поповиќ

Има многу грди коментари
Откако се појави веста дека почина Саша Поповиќ, директорот на Гранд продукција и еден од најмоќните луѓе во српската естрада, се огласија неговата екс бизнис партнерка Лепа Брена и нејзиниот сопруг Боба Живојиновиќ.
„Ова е голема загуба за сите нас. Бевме првенствено кумови, пријатели и најблиски деловни соработници. Сега кога требаше да ужива, се случи ова, ова е голема загуба, што да кажеме повеќе. Беше голем човек“, велат Брена и Боба за Блиц.
Брена и Саша инаку заедно ја основаа Гранд продукција .
Поповиќ и Лепа Брена почнаа да работат заедно во 1976 година, кога како пејачка се приклучи на бендот Лира шоу, кој тој го основаше. После тоа, во 1982 година, групата го менува своето име во Слатки грех и постигнува голем успех низ цела Југославија.
Заедно со Лепа Брена, Поповиќ ја основа Гранд продукција во 1998 година. Во 2000-тите, многу пејачи на народна музика се преселиле во Гранд, а во 2004 година, Саша дошол на идеја да го започне проектот Звезде Гранд, кој се уште важи за еден од најпопуларните.
Саша Поповиќ почина пред два дена, а неговата долгогодишна пријателка Лепа Брена само поради еден потег наиде на бројни навреди и коментари.
Откако изрази сочувство, пејачката објави на инстаграм за нејзиниот концерт во Љубљана неполни 48 часа по смртта на нејзиниот кум со натпис: Љубљана, подготвена?
Додека целото естрада и голем дел од јавноста жали за еден од највлијателните личности во историјата на шоу-бизнисот, Саша Поповиќ, неговата кума и најблиска соработничка, фолк ѕвездата Лепа Брена се обидува да го рекламира нејзиниот претстоен концерт, што предизвика бројни негативни реакции кај луѓето.
За маката да биде поголема и сето тоа да предизвика уште повеќе негативни реакции, сето тоа се случи во моментот кога телото на Саша Поповиќ пристигна во Белград од Париз на гробиштата во Ново Бежанијско.
„Кумот е веќе мртов, парите се поважни“ – напишал еден корисник на социјалната мрежа Х, додека други во истиот дух напишале „Срамота! Саша умре, нека живее концертот“ – ова се само дел од коментарите.