Бившата манекенка Синди Крафорд докажа дека има дарба и за биснис продавајќи го луксузниот дом во Малибу за двојно повисока цена од она кој што ја плати за неа.
Преубавата бринета минатата година купи куќа опкружена со зеленило за шест милиони долари, а откако ја преуреди комплетно ја продаде за неверојатни 13.34 милиони долари. Таа заедно со нејзиниот сопруг Ранде Гербер минатото лето ја купија куќата на три ката, изградена во 1958 година и направија комплетен „мејковер“ преуредувајќи ја во традиционален стил.
Денес во куќата преовладуваат природните материјали и опуштени неутрални тонови. Таа се состои од голем дневна соба со камин и соба за одмор, како и 4 спални соби и пет тоалети, а тшо се однесува до кујната таа е огромна и од неа не би се посрамиле ни професионалните готвачи.
Од дневната соба како и од спалната која се простираат на цел кат се излегува на голема тераса од која што има феноменална глетка на Тихи океан. Иако куќата е опкружена со зеленило, таа се наоѓа во близина на плажа до која што води приватен пат.
Во голем и средена градина се наоѓа и базен со неправилен облик, а на новите сопственици први соседи ќе им бидат Џулија Робертс и Гвинет Палтроу.