Куќата на Марина е поубава и од приказните – изградена во НАЈУБАВОТО СЕЛО, со поглед од милион долари
Далеку од градската бучава и секојдневниот стрес

Вистинска оаза на мирот
Нашата некогашна водителка Марина Дојчиновска својата семејна куќа во Гари ја чува како некоја ретка драгоценост.
Станува збор за вистински рај на едно од најубавите места во Македонија кое предизвикува воодушевување кај секој што го посетил.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Имено, нејзината бајковита викендичка се наоѓа во село Гари, познато по својата живописност, традиција и природна убавина.
Куќата стара еден век Марина ја има наследено од својот покоен татко од кого и ја наследила љубовта кон Мијачијата, но и кон традицијата, кон Мајовци и езгиите, кон Стогово и Гарска река.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Марина со својот партнер, Горан Алачки
И токму затоа ова за неа не е само место за одмор, туку длабоко емотивно наследство што и го оставил нејзиниот татко, а тоа впрочем може да се види и од секоја објава на Марина од ова место кое го споделува со голема радост.
„Гари е за мене одраз на една моќна духовна вертикала и идентитетски образец на мојата личност“, изјави Марина во една пригода во интервју за Гламур магазин истакнувајќи дека Гари е нејзиниот личен рај.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
„Некогаш ми е доволно да преспијам таму само една ноќ, и да се вратам во Скоје ,’како нова,’! Гари ми е моето второ дома и мојот личен рај!“, ни откри Дојчиновска тогаш во интервјуто за нашиот портал.
И навистина секој детаљ зборува за тоа со колку внимание и љубов ја изградила куќата во едно од нашите најубави села.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Па така таа сега, со првите пролетни денови и штом сонцето ќе изгрее со својот партнер гледаат времето да го минат во овој зелен рај.
„Често се постирам и споделувам фотографии од новата куќа во Гари, која беше моја долгогодишна желба и проекција. Сега е место за одмор и за ,„регенерација на мозочните клетки“, како што вообичаено знам да искоментирам, кога сум таму“, вели Марина за ова волшебно место кое како да е излезено од приказните. Оваа куќа за неа не е само викендичка, туку и симбол на континуитет, сеќавање и продолжување на животот на семејното наследство.
Нова етапа во животот
Потсетуваме, Марина по долги години поминати на телевизија, по посетата на Хунза во 2005 година, започна со свој бизнис.
Таа веќе со години успешно го води Хунза Веда Клубот, односно својата компанија со која го носи Хунза маслото во Македонија.
Фејсбук/ Марина Дојчиновска
Имено, таа при посетата на овој народ кои и денес се чувствуваат како потомци на античките Македонци, била фасцинирана од нив.
Посебно што тие вообичаено живееле над 100 години, но и од тоа што кај овој народ нема заболени од канцерогени болести. Таа тогаш открила дека тие секојдневно во својата исхрана користат масло од семки од кајсија, кое самите го прават рачно според нивна стара рецептура, од нивните кајсии кои во Хунза ги има во секој двор. Сето ова допринело таа да си постави за цел ова нивно масло да го направи достапно и во Македонија, па така ќе се роди и идејата за нејзиниот бизнис кој веќе 15-на години успешно го води.
Повеќе за Хунзитеи нивното масло откријте тука...