CelebrityНаши ѕвезди

Куќата на Есма Реџепова тонe во распаѓање – Зарем вака ѝ се оддолжуваме на една легенда? (Видео)

Advertisement

Девет години по смртта на Есма Реџепова, куќата на култната пејачка во Скопје изгледа напуштено и разурнато. Домот, кој беше симбол на нејзината долгогодишна кариера и хуманост, денес стои опустошен, според репортажата на српски „Телеграф“.

На прв поглед, од улица куќата делува релативно зачувана. Но, од задната страна се открива вистинската состојба: скршени прозорци, излупена фасада и расфрлан стар мебел. Струјата е исклучена, а преку скршените прозорци може да се види запустената внатрешност – напуштена работна маса со купишта хартија, урната фотелја и купови ѓубре.

Advertisement

На средината од дневната соба стои голем дрвен крст што му припаѓал на нејзиниот покоен сопруг, Стево Теодосиевски. Во една од просториите сѐ уште има фотографии од Есма, но најголемиот дел од куќата е без прозорци и без внатрешни врати. Надворешната врата е заклучена и единствениот начин да се влезе е преку скршените отвори.

Оваа слика е последица на долгогодишниот имотен спор меѓу државата и наследниците на Есма. Пејачката ја има оставено куќата на Република Македонија со тестамент, но дел од нејзините посвоени деца и роднини бараат имотот да премине во нивна сопственост. Додека правната постапка трае, куќата продолжува да пропаѓа.

Есма Реџепова во текот на животот посвои 47 момчиња, објаснувајќи дека, со оглед на честите патувања и ангажмани со ансамблот, така било најбезбедно.

Но, во 2016 година, неколку месеци пред смртта, таа ја посвои и својата ќерка Елеонора Мустафовска. Во едно од своите последни интервјуа, Есма зборуваше со нежност за овој однос: „Во подоцнежните години сфатив дека е добро покрај себе да имам женско дете. Не погрешив. Со Елеонора сме како мајка и ќерка. Таа студира соло пеење и е дел од ансамблот што ме придружува.“

Додека институциите и наследниците се борат за имотот, куќата што беше сведоштво за живот исполнет со музика, хуманост и грижа за многу деца, денес изгледа како да е оставена на забот на времето. Соседите велат дека никој не се појавува редовно да се грижи за домот, кој полека се претвора во уште една напуштена приказна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама
Back to top button