Куќа полна со љубов и топлина – ова е домот на Спасен Сиљаноски, еден детаљ ќе ви ги стопи срцата
Познатиот фолк-пејач ги изненади сите со своите објави
Омилениот македонски фолк-пејач го покажа својот семеен дом кој зрачи со топлина, но и со мнооогу љубов
Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски го користи своето слободно време за да помине во игра со своите дечиња.
Тој со сопругата Ана има две деца, син и ќерка, со кои пејачкот понекогаш знае да сподели заеднички моменти.
И откако најпрво се пошегува со една снимка со својата сопруга Ана направена во нивниот дом и притоа покажа како изгледа нивната кујна, Спасен ги изненди следбениците и со фотографија на која е со ќерка му.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Инаку, Спасен по потекло е од кичевското село Положани, но со сопругата и нивните деца веќе неколку години живее во Скопје.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Тој не ретко на социјалните мрежи споделува фотки од нивното љубовно гнездо, но овој пат во главна улога беше неговата наследничка.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Имено, Спасен сподели како игра шах со својата мила, па фотографијата веднаш предизвика воодушевување кај сите.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
„Тато vs Мила (Магнус Карлсен vs Јудит Полгар)“, напиша Спасен.
Инстаграм/ Спасен Сиљаноски
Од фотографијата што Спасен ја објави може да видиме и како изгледа овој дел од домот на Спасен, полн со топлина и многу љубов.