Кучето на починатиот пејач со денови одбива да јаде – неговите тажни очи го натажија цел Балкан
Тагува и домашниот миленик на Халид Башлиќ

Бенџо живее кај хотелот на Халид и беше многу поврзан со пејачот.
Смртта на Халид Бешлиќ го растажи целиот регион, а покрај семејството и пријателите за него тагува и неговото куче.
Како што пренесуваат медиумите, домашниот миленик на познатиот пејач одбива да јаде по погребот и тагува за својот газда.
Принтскрин/ Јутуб
„Бенџо ништо не јаде. Кучето на Халид“, напиша еден корисник на ТикТок и со оваа објава предизвика бура од реакции.
За кучето зборуваше и шоферот на Халид, Владо, кој живее во мотелот и кој исто така е скршен од болка по смртта на пејачот.
Принтскрин/ ТикТок
Бенџо е куче на Халид и наше од мотелот кое откако Халид почина ниту јаде, ниту пие вода. Јас сум Владо Пејиќ, шоферот на Халид веќе 20 години. Два дена пред да почине му бев на посета, ја доведов делегацијата од селото која што изрази желба да го види. Тој кажа задолжително да ги донесам бидејќи тоа се негови комшии со кои соработуваше. Халид, зошто ни замина, зошто не остави, ни требаше уште 20 години. Некој ни го украде, се договаравме дека ќе другаруваме уште долго. Тој немаше болки, не се жалеше, синот кај него беше 24 часа . Сето внимание што требаше да го добие го добиваше од својот син Дино, не останатите само помагавме“, вели тој.
Принтскрин/ ТикТок
Потсетуваме, балканската легенда на народна музика, Халид Бешлиќ, почина во 71. година од животот.
Пејачот веќе некое време престојуваше во болница заради здравствен проблем каде беше под контрола на докторите.
@pecenjaradjilo2
Но за жал Бешлиќ не успеа да ја добие оваа битка, а престојуваше на одделот на онкологија во клиничкиот центар во Сараево.
Принтскрин/ Јутуб, Босанска Сехара
На пејачот му се слоши пред месец дена за време на неговиот последен концерт во Бања Лука, а по направените прегледи беше префрлен на онкологија, пишуваат медиумите од соседството.
Неколку недели пред неговата смрт беше објавена песната посветена на неговата сопруга која му беше најголема потпора во животот.
Повеќе за сопругата на Халид прочитајте тука >>
Извор: Телеграф.рс, Гламур