Патувања

Крушево низ објективот на Ана Петроска – еве зашто вреди да го посетите и да уживате со сите сетила

Фотографката Ана Петроска, која беше и официјален фотограф на познатиот аутдор фестивал When in Krusevo, низ зборови и фотографии, ни ги носи впечатоците од настанот по што ќе посакате да го посетите Крушево.

Advertisement

Од параглајдинг и кајак, преку планинарски тури и јавање коњи до вечерна забава и попладневно размрдување со јога. 9-тото издание на When in Krusevo го раздвижи Крушево и покажа дека има толку многу да се ужива во ова гратче.

Ана Петроска

Од 8-ми до 10-ти август се одржа деветтото издание на познатиот аутдор фестивал When in Krusevo. Како и секоја година учесниците уживаа во активностите кои ги нуди фестивалот, а тоа се тандем параглајдинг, планинарска тура, велосипедска тура, возење со кајак и СУП на Крушевското Езеро. Потоа, посета на музеи, кампување на езеро, јавање коњи, користење на адреналински парк (исто така и денска забава покрај адреналинскиот парк).

Advertisement
фото-Ана Петроска

Нешто сосема ново и необично годинава беше промотивниот тренинг во биатлон со ласерски биатлонски пушки. Оваа година програмата на фестивалот беше збогатена и со детска театарска претстава во која уживаа најмалите.

Програма за сите возрасти – Крушево е место за секој од вас.

Познатиот бенд Дупер, италијанскиот диџеј Доменико Талеса, Мемфис Мафија, Revelation, Трето Колено беа дел од изведувачите кои ја забавуваа публиката во вечерните часови.

фото-Ана Петроска
фото-Ана Петроска

Добра музика, супер атмосфера и позитивна енергија се зборовите со кои би ја опишала вечерната забава во која сите уживаа. Со фотографиите се потрудив да ги „уловам“ безбројните насмевки кои ги забележував додека се движев на локациите каде се одвиваа активностите.

Advertisement
фото- Ана Петроска

Последниот ден од фестивалот се одржува саемот на храна и пијалоци каде учесниците на фестивалот имаат прилика да ги дегустираат крушевските специјалитети.

фото-Ана Петроска

Фотографиите кои може да се погледнат зборуваат за мноштвото активности и високата доза на адреналин. Она што успеав да го зграпчам преку мојата фото леќа ќе покаже и докаже дека природата има толку многу да понуди, а овој фестивал само го претстави и промовираше истото пред посетителите.

фото- Ана Петроска

Убавината на Крушево и неговата разновидност носат неисрпна инспирација за фото репортирање и создавање фото спомени. Моја беше честа да го фотографирам овој настан, а дополнително уживав затоа што Крушево е едно од најомилените места за прошетка, активен одмор и секако фотографирање.

фото-Ана Петроска

Крушево восхитува, а се надевам дека моите фотографии го доловија тоа.

Фото- Ана Петроска.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button