На изборот за убавина Кралица на Евроазија 2024 што се одржа неодамна во Анталија, Турција, титулата Мис Европа (Miss Europe) ја освои Македонката Јулијана Ѓорѓиевска, 26г, од Крива Паланка.
Убавата Јулијана на изборот ја претставуваше Македонија, во конкуренција на 30 девојки од исто толку држави од Европа и Азија.
Во театарот во Анталија, каде се одржа изборот, титулата Кралица на Азија ѝ припадна на претставничката на Египет, а вкупна победничка е девојката од Русија.
Јулијана блесна во повеќе елегантни и секси креации од турски модни дизајнери.
Инаку, убавицата Јулијана, која гордо ја претстави Македонија, е дел од Модното студио Црнокрак, кое ја поседува лиценцата за Македонија за овој престижен интернационален избор за убавина.
Ова беше10-то, јубилејно издание на Кралица на Евроазија во организација на агенцијата Еуроазија старс емпајер од Москва, Русија.