Песната што победи на Евровизија ја подели јавноста.
Имено, според мислењето на едни Нета беше одлична, но според други скандалозно е да победи песна во која пејачката кокодака на сцената. Некои од коментарите што ги напиша нашата публика на социјалните мрежи како за победничката песна, така и за настапот на бендот „Ај кју“, односно за необичниот стајлинг што го „фураше“ нашата пејачка, можете да ги прочитате во продолжение.
Шок фотографии – израелската победничката на Евровизија служела воен рок! (фото) >>
Нашите претставници и годинава не успееја да влезат во финалето, а тоа разлути многумина на социјалните мрежи кои и овој пат ја критикуваа организацијата, но и слабиот настап на бендот и покрај тоа што песната беше одлична.
Од друга страна бројни беа критиките и на сметка на стајлингот на нашата пејачка, особено за розовата креација што ја носеше и поради кое на Твитер се пошегуваа дури и новинарите од Би-би-си објавувајќи гиф од нејзиниот настап.
"It’s not BACKWARDS mum it’s the fashion you don’t even get it." #Eurovision. pic.twitter.com/cPk0RyDchi
— BBC Eurovision (@bbceurovision) May 8, 2018