Манекенката Криси Тајген не е една од оние ѕвезди кои ги игнорираат своите хејтери, туку им одговара со иста мера.
Убавата сопруга на Џон Леџенд не дозволува никој да ја навредува неа или нејзиното семејство, особено не на социјалните мрежи каде што сите се храбри да критикуваат. Овој пат навредата се однесуваше директно кон неа и таа на Инстаграм даде убав одговор кој го поддржаа нејзините фанови.
„Изгледаш прекрасно, но би требало повторно да пуштиш долга коса. Девојките со округло лице не би смееле да носат кратки фризури како што е твојата. Лицето ти изгледа огромно поради неа. Го искусив тоа… Верувај ми…“
На тоа Криси одговори:
„Искрено, фала ти што секое утро се будам и се прашувам што би направила баш ти, па потоа го правам тоа за да те направам среќна. Ова беше мој пропуст.“
Што да додадеме на ова, освен – браво Криси!