NEWSВести

Кредит за прв стан со учество од 10%: Славески очекува пониски камати за млади брачни двојки

Advertisement

Од 1 декември банките ќе можат да даваат станбени кредити за прв стан или за изградба на куќа со учество од 10% од вредноста на станот, но под одредени услови.

– Очекувам дека нашите банки, во согласност со практиката присутна во голем број земји во светот, на кредитобарателите коишто за првпат купуваат стан како примарно живеалиште, ќе им понудат кредити по каматни стапки пониски за 0,5 до 0,75 процентни поени, што би придонесло за заштеди изразени во илјадници евра – изјави гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.

Advertisement

Тој ги соопшти измените на правилата на Народната банка во однос на утврдување на кредитоспособноста на граѓаните кои земаат станбен кредит. При тоа рече дека со новите правила се одвојуваат кредитите за прв стан кои стануваат поповолни, од кредитите за купување стан кој се смета за инвестиција односно станови кои не се наменети за живеење на сопствениците. За нив условите стануваат построги.

– За корисниците на станбени кредити наменети за купување или градење прво живеалиште, ќе останат во важност досегашните лимити на показателот ДСТИ, коишто изнесуваат 55% за изложеноста во денари и 50% за изложеноста со валутна компонента – рече Славески.

Објасни дека граѓаните кои ќе купуваат стан или ќе градат куќа во кои нема да живеат – инвестиции ќе треба да дадат повисоко учество за добивање станбен кредит, а ќе плаќаат повисоки каматни стапки.

Advertisement

– Минималното сопствено учество за овие кредити се зголемува од постојните 15% на 25% од вредноста на станот. За овие баратели на кредити се предвидуваат пониски лимити на показателот ДСТИ и тоа од 50% за изложеноста во денари и 45% за изложеноста со валутна компонента – рече Славески.

Гувернерот рече дека граѓаните кои ќе бараат станбен кредит под поволни услови за прв стан или за изградба на куќа ќе треба да исполнат неколку услови со кои ќе докажат дека кредитот е за стан или куќа во кои ќе се живеат.

Давањето на ваквите кредити ќе подлежи на контрола, а измамата, односно давањето неточни податоци се смета за кривично дело. Ако Банката утврди ваква измама, ќе може да ја смени каматната стапка на кредитот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button