Реклама
MAMAКафе муабет

Креативни венчиња – оригинално велигденско издание на вашиот дом

Реклама

Внесете свежина и позитивна енергија во вашиот дом така што ќе го декорирате во духот на велигденските празници. Додека сме дома имаме повеќе време да се посветиме на креативните декорации и да направиме нашиот дом да блесне во едно оригинално издание.

ФОТО: goodhousekeeping

Направете сами оригинални, практични, ефикасни и евтини венчиња кои ќе можете да ги користите и неколку години по ред. На пример, маслинови гранчиња или било кои други кои лесно се виткаат без да се скршат, употребете ги за кружниот дел на кој ќе прицврстите декорација по желба. Не мора тоа да бидат јајца или зајачиња, туку можете и цвеќе или машнички, но и се’ она во што уживате.

ФОТО: neueetage

Конец, чипка и стара ткаенина секогаш се добар сојузник во декорациите. Со текстил, волна и конец, лесно ќе го обложите венецот кој ќе биде цврст и естетски привлечен, а при декорациите можете да користите и жица за прицврстување или течен лепак.

Маркетинг
ФОТО: lavendelblog

Венецот не мора секогаш да биде висечки. Баш како и за Божиќ, можете да го ставите на маса и со него да ја декорирате вашата велигденска трпеза.

Маркетинг

Исто така одлична идеја е да го ставите венецот во некоја стара рамка. Веруваме дека во вашиот дом имате стари слики кои повеќе не висат на ѕидот и чекаат некоја следна употреба… Во рамката поставете ја декорацијата која од едната страна ќе биде поврзана со жица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button