Холивуд

Во овие необични панталони на Клои Кардашијан вашиот задник ќе изгледа совршено!

Advertisement

Дали и Клои Кардашијан може да започне нов тренд?

Advertisement

Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер постојано ни наметнуваат нови трендови. Така беше со проѕирните чизми, носењето тренерки со високи потпетици, дебели кожени ремени, корсети врз маици и сл. Токму затоа нема да се зачудиме ако наскоро и на нашите улици почнеме да гледаме девојки со овој необичен модел на кратки панталони.

Advertisement

Имено станува збор за кратки тексас панталони, со должина до колената, од кои во последно време не се одвојува Клои, најмалата од сестрите Кардашијан. Таа дословно не ги соблекува од неа во последниот период, а ги има и во понудата на нејзиниот бренд „Good American“ кој воглавно се состои од парчиња од тексас.

Ким Кардашијан е нервозна што таа сега изгледа подобро од неа – нејзиното мрежесто боди покажа дека трудот се исплаќа >>

Плус-сајз фармерки, здолништа, а сега и ¾ тексас бермуди можете да ги нарачате и од официјалната страница на брендот, но пред да го направите тоа треба да знаете и дека не се баш најевтини – цените на фармерките се движат околу 200 и повеќе долари, на овие до колена околу 155, а моделот што радо го носат и Клои и Ким – од 130 до 155 долари.

Нема да ви се верува колку заработува семејството Кардашијан само од Инстаграм >>

Можеби на прв поглед овие бермуди ќе ви изгледаат чудно, но жените треба да ги имаат во своите плакари и затоа што во нив задникот изгледа подобро. Токму поради тоа и неодамна се најдоа на нашата листа меѓу останатите модели со кои женската позадина изгледа поубаво.

Клои воглавно ги носи со високи потпетици, а неодамна ги носеше и во комбинација со долга црна наметка од популарното кадифе.

Пет парчиња во кои вашиот задник ќе изгледа совршено >>

Па, дали ви се допаѓаат?

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button