Погледнете ги овие кратки здолништа совршени за летните горештини …
Bershka 499,00
Температурите во наредниот период ќе растат, па најдобро е да го избегнуваме слоевитото облекување и долгите парчиња. Тоа го знаат и дизајнерите на нашите омилени комерцијални брендови кои за овој период од годината ни подготвија совршени модели на кратки здолништа со кои ќе имаме удобно и безгрижно лето.
Bershka 499,00
Што се однесува до нас, најмногу ни се допаѓаат романтичните модели со цветните дезени кои едноставно никогаш не излегуваат од мода, особено кога е летниот период во прашање, како и преубавите здолништа со А-крој кој совршено прилега на повеќето жени. Но секако дека не треба да ги заборавиме и моделите со асиметричен крој и на преклоп, како и оние со трендовиски детали. Отворете ја галеријата што следува и погледнете го нашиот избор.
види повеќе » |