Како што растат температурите, така се намалува и облеката што ја носиме и станува пократка, потенка, поотворена, а во ваквите моменти кратките тексасни шорцеви се тренд на кој секогаш радо се навраќаме!
Mango 1,290 MKD
Тексасните шорцеви се безрвеменски симбол на летото, парче без кое најтоплите, но и најубавите месеци во годината едноставно не можете ни да ги замислите. Тие се секси, практични и удобни за носење, се вклопуваат во најразлични комбинации и се шизичко парче во кое секогаш изгледате супер – без разлика дали шетате во слободното време, патувате, одите на плажа или танцувате во друштво на пријателите на некој музички фестивал…
River Island £28.00
Што се однесува до трендовите, на „сцена“ можат да се видат сите можни, па и невозможни варијанти– од низок до висок струк, скинати, во сите нијанси, зачинети со разно разни детали, порабени со износен раб, со џебови со нитни и со милион други „клошарски“ и „гранџ“ елементи овој пат наменети за модно освестените девојки.
Кликнете тука или отворете ја галеријата во продолжение и погледнете ги најубавите тексас шорцеви за оваа сезона од Асос, Бершка, Манго и Зара.
види повеќе » |