Реклама
LIFESTYLEХороскоп

Кратки молитви за привлекување љубов во вашиот живот

Реклама

Дали имате невозвратена љубов или пак едноставно го молите Бог да ви ја испрати љубовта на вашиот пат? Тогаш ви препорачуваме неколку кратки молитви кои можете да си ги изговарате секојдневно.

ФОТО: Freepik

Молитва од девојка за момче

Те молам, Господи, благотворно прими ја мојата молитва од заљубеното срце. Ти создаде свет од љубов. Родена сум од љубовта на своите родители. Во иста радост посакувам и мојата љубов да се размножи. Се заљубив во едно момче. Чувај го и води го кон прав пат. И ако е волјата твоја, нека биде доживотна љубов моја.

Молитва од момче за девојка

Добри боже, добината Твоја е секогаш над нас. Одеднаш сфатив дека времето ми минува. Се заљубив во една девојка. Ти ја познаваш тајната на човековата среќа. Ако е волјата твоја, нека нашата љубов се соедини во доживотна среќа.

Маркетинг

Молитва за љубов

Боже, ти си љубовта. Секоја вистинска љубов доаѓа од тебе. ПОтребна ми е силата од твојата љубов. Затоа, прелиј ја врз мене твојата љубов, па да има околу мене повеќе среќа, да бидам способен/способна да примам и несебично да дарувам љубов. Помогни ми да ја препознаам твојата љубов и да ја препознаам личноста која ја ставаш на мојот животен пат, со која треба да го поминам животот. Амин.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button