Реклама
MAMAКафе муабет

Кратки молитви: Фала ти Господе за новиот ден кој ми го подари

Реклама

Секој нов е нов благослов. Ако имаме кров над глава и семејство до нас, тогаш ние сме богати. Да му се заблагодариме на Бог за чудата во нашиот живот.

ФОТО: disslove.com

Фала ти, Господе, за новиот ден кој ми го подари. Ти славам Боже и ти се заблагодарувам за новото утро кое ми го подари, за новиот ден и новите прилики… Помогни ми денес да бидам подобар/подобра од утре, помогни ми да бидам силен/силна во искушенијата и животните борби. Помогни ми да ја следам Твојата светлина. Амин.

Ти благодарам Боже за деновите кои ми ги даруваш

Ти благодарам Боже за секој нов ден во мојот живот, каде што љубовта твоја царува. Ти благодарам што ми помагаш и што ми даваш нова сила секој ден. Ослободи ме од прашањата кои ми штетат. Ослободи ме и од сето она што ме загрижува и ме спречува да чекорам понатаму во ѓивотот. Дај ми Боже моќ да бидам достоен/достојна да ја изразувам љубовта која ми ја даваш Ти.

Маркетинг

Дај ми Боже моќ да умеам да ги сочувам солзите и да бидам со чисто срце. Во секој нов ден, во секој нов час биди со мене. Дај ми моќ да ги задржам веслата што го туркаат мојот чамец во темната неизвесност и дај ми храброст со тебе да градам нов свет. Дај ми Боже моќ да ја сочувам надежта и достојно да го живеам секој нов ден што ми го даруваш Ти. Дај ми Боже моќ достојно да ја примам љубовта и со радост да го исполнам моето срце. Амин.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button