Шопинг

Кратки здолништа по кои полудеа девојките од целиот свет

Advertisement

Парче со кое секогаш ќе изгледате шик

Advertisement

Сакаме да ги следите познатите ИТ девојки на Инстаграм, особено поради нивните прекрасни комбинации но и поради можноста да бидеме во чекор со новите трендови. Овој пат станува збор за мало црно здолниште кое преку ноќ стана вистински хит на социјалните мрежи, особено меѓу познатите трендсетерки и ИТ девојки.

Моделот е направен од кожа со А-крој, или уште подобро од лакирана вештачка кожа, со или без патенти и претставува предмет на обожување на познатите ИТ девојки (една од нив е и прекрасната Кјара Ферагни). Можете да го носите со високи потпетици или патики, со „оверсајз“ капут, топол џемпер или бомбер јакна, а токму неговата моќ лесно да се трансформира и прилагоди на различни стилови е воедно и неговата најголема предност.

Advertisement

Па, доколку денес или во наредните денови ви се врти низ главата непријатната мантра дека немате што да облечете, пробајте со едно вакво кратко тренди здолниште со кое дефинитивно не можете да погрешите.

види повеќе »

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button