Во продавниците летните попусти се почнати, а на полиците не чекаат преубави кратки комбинезони од кои не знаеме кој изгледа поубаво!
Овие парчиња ни се едни од омилените за долгата топла летна сезона. Во нив можеме да имаме одлични комбинации без многу да размислуваме како да ја комбинираме облеката. Тие одлично стојат со летни рамни сандали и во комбинација со кратки тексас јакни (особено ако сте на продолжен викенд во Охрид, Берово или на некое друго место каде преку ноќ температурите се пониски! Овие јакни исто така веќе неколку сезони се неизбежни па зошто да не ги пробате и во комбинација со овие шик парчиња?!) Отворете ја галеријата што следува и погледнете ги симпатичните комбинезони од кои навистина ни беше тешко да ги издвоите најубавите. Заедничко за сите нив е тоа што сите се на попуст (доколку скокнете во нивните продавници на време, секако!), а нивните цени се движат од 599 денари па нагоре.
Zara 599.00 MKD – 999.00 MKD
Bershka 1.790,00 MKD
Што се однесува до трендовите и кроевите, без разлика дали ќе изберете цветни, од тексас, шарени или еднобојни, црни или бели, не заборавајте дека со нив многу лесно ќе се трансформирате во вистинска летна кралица.
види повеќе » |