Кратки имиња за девојченца кои носат животна радост – старински и модерни, сите се моќни и прекрасни
Без разлика дали повеќе сакате традиционални или модерни имиња, оваа листа нуди инспирација за убаво, препознатливо и безвременско име за девојченце.

Изборот на име за дете е една од најубавите и најважни одлуки што ги носат родителите. Многумина се одлучуваат за кратки имиња затоа што се префинети, истовремено мили, а убаво звучат на повеќе јазици и се лесни за изговор.
Без разлика дали повеќе сакате традиционални или модерни имиња, оваа листа нуди инспирација за убаво, препознатливо и безвременско име за вашата ќеркичка:

Миа – значи „моја“ или „возљубена“; едноставно и интернационално име.
Леа – библиско име што се преведува како „лавица“, симбол на силан но и на нежност.
Ана – класично прекрасно име со значење „милосрдна“ или „благословена“.
Ема – значи „цела“, „универзална“, едно од најпопуларните имиња во светот.
Зоја – потекнува од грчкиот збор „живот“, симбол е на енергија и радост.
Ина – значи „чиста“ или „невина“.
Ева – библиско име со значење „таа што дава живот“.
Ниа – значи „сјајна“, „извонредна“.
Уна – латинско име што значи „една“, „единствена“.
Ида – старинско германско име со значење „вредна“ или „упорна“.
Гала – значи „мир“ или „прослава“, кратко, но впечатливо име.
Ирис – од грчката митологија, со значење на месечина; но и на цвет со исто име, симбол на убавина.
Каја – скандинавско име со значење „чиста“, „блага“.
Еона – ретко, а прекрасно име што асоцира на „вечност“ и „бесконечност“.
Лена – значи „светлина“, „сјај“, едно од најпопуларните кратки имиња во светот.
Сара – библиско име што значи „принцеза“ или „господарка“.
Нева – потекнува од реката Нева во Русија, симбол на чистота и спокој.
Вида – словенско име со значење „живот“, симбол на сила и енергија.
Нела – кратенка од „Анѓела“ или „Корнелија“, со значење „нежна“ или „мила“.

Зошто да одберете кратко име?
Кратките имиња се практични затоа што се лесни за изговор и пишување, што е важно и за детето и за неговата околина. Таквите имиња лесно се паметат и често имаат универзално значење, што ги прави совршен избор за родителите кои сакаат едноставни, но посебни имиња за своите девојчиња.