Кафе муабет

Кратка поучна приказна која ќе ви покаже дека никогаш не треба да се откажувате

Advertisement

Еден ден магарето на некој земјоделец паднало во бунар.

 nikogash

Advertisement

Еден ден магарето на некој земјоделец паднало во бунар. Животното со часови правело жалосни крици, додека човекот се обидувал да смисли нешто.

Конечно, на крај тој сфатил дека магарето е старо, а бунарот и онака треба да биде закопан, па не вреди да се измачува да го вади кутрото животно.

Тој ги поканил сите соседи да дојдат и да му помогнат. Тие сите земале по една лопата и почнале да фрлаат земја во бунарот. Откако магарето сфатило што се случува, почнало да испушта уште потажни крици. Потоа, за изненадување на сите, тој се смирил. Кога луѓето кои биле соберени наоколу погледнале надолу, тие забележале дека магарето правело нешто неверојатно. Со секоја лопата земја којашто му била фрлана, тој ја ставал зад него, така успевајќи да се искачи до горе и да скокне надвор од бунарот.

Advertisement

Поука: Животот понекогаш ќе ви фрла лопати земја и нечистотии врз вас. Но, не треба да бидете разочарани поради тоа и да се откажувате. Ако не престанувате да се борите, вие ќе имате можност да излезете дури и од најдлабокиот бунар. Никогаш не откажувајте се! Погледнете напред и смело направете го првиот чекор!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button