Кој не учел, не може да очекува да го положи испитот.
Но кој учел, треба да најде мир во себе за да може да се сконцентрира на сето знаење во себе. Па, прочитајте ја оваа кратка и смирувачка молитва која треба да ви помогне во остварување на вашите цели.
Милостив Господи, Кој си вечна премудрост и извор на духовна светлина и на знаења, испрати ја благодатта на Твојот Свет Дух врз Твојот раб (името) да му го просвети умот, па успешно да го положи претстојниот испит. Ти, Господи, си рекол дека без Тебе не можеме да правиме ништо.
Залудни би биле нашите усилби ако Ти не ни помогнеш co Твојата семоќна десница, зашто секое знаење и секој совршен дар доаѓа од Тебе. Па така, откако ќе му биде озарен умот на овој Твој раб (името) и откако co Твоја помош ќе го положи испитот, да може да напредне во познанието на Твојата вистина, да им послужи на блиските и на својот народ, па да го постигне и своето лично спасение.
Амин.