Кралот на бакшишот со стари навики – „многумина ќе се препознаат“
„Овој проект е продолжение на претходниот кој го работевме со Пајак и многу сум среќен што првите реакции од публиката се одлични“.

Пејачот Ѓоко Јовиќ ја објави својата најнова песна која го носи насловот „Стари навики“, а за песната сними и спот.
Музиката и текстот се дело на Христијан Настески – Пајак, додека аранжманот го направи Иван Јованов – Ивајо.
Спотот е малку поразличен од она на што е навикната неговата публика.
„Станува збор за ултрамодерен спот со специјални филмски ефекти какви што гледаме во светските спотови. Целата идеја и реализација на видеото е дело на продукцијата „Урбан Рекордс“, објаснуваат Енерџи бенд.
– Овој проект е продолжение на претходниот кој го работевме со Пајак и многу сум среќен што првите реакции од публиката се одлични. Верувам дека многумина ќе се препознаат во темата и ќе уживаат во се што работевме изминатиов период, вели пејачот Ѓоко Јовиќ.
Потсетуваме, пејачот Ѓоко Јовиќ изминатата година објави четири нови песни и филмски проект „Послушајте патриоти“.
Годинава ја започнува со „Стари навики“ во соработка со младиот артист Пајак, а веќе работи на новите материјали кои јавноста наскоро ќе ги слушне.
Со својот бенд „Енерџи Бенд“ настапува низ целиот свет, а традиционално, секоја година има и австралиска турнеја.