Кралицата на турбо-фолкот во Македонија денес изгледа непрепознатливо, ама беше и остана заводлива
Се сеќавате на „раке пуке, раке шлаке“?

Нашата пејачка доживеа неверојатна трансформација од почетокот на кариерата, но една работа остана иста
Пејачката Сања Ристеска пред десетина и повеќе години сними неколку песни и спотови со кои стана голема фолк-ѕвезда.
Неколку години претходно таа веќе беше присутна во медиумите и учествуваше на фестивали, но со една песна дефинитивно животот и се промени и фолкерката преку ноќ стана голема ѕвезда.

Принтскрин/ Јутуб
Станува збор за нејзиниот необичен хит „Ме заболе“ кога Сања со песната, но и провокативниот спот ја разбранува нашата јавност.
Стиховите „раке пуке, раке шлаке“ и денес се препознатливи за неа, иако таа по оваа песна сними уште неколку слични хитови.

Принтскрин/ Јутуб
Но многумина кои не се сеќаваат на овој нејзин период остануваат во шок кога ќе видат како пејачката изгледала тогаш.
Имено, Сања од тогаш до сега е променета речиси до непрепознатливост, но дефинитивно е подеднакво атрактивна.

Таа и денес има руса коса, но нешто подолга, а епитетот една од најзгодните на нашата естрада се уште гордо го носи.
Впрочем за тоа зборуваат и нејзините најнови објави, а како изгледаше Сања на почетокот од својата кариера, потсетете се во продолжение:

Принтскрин/ Јутуб
По песната „Ме заболе“ следуваше уште еден голем хит „Машала“ во манирот на турбо-фолк музиката, а потоа и многу други слични песни.

Принтскрин/ Јутуб
Овие песни одбележаа еден период од животот на пејачката, но и една ера на македонската турбо-фолк сцена, а за тоа впрочем зборуваат и бројките – милионски прегледи имаат сите овие нејзини спотови.

Принтскрин/ Јутуб
Сања во земјата на кенгурите
Потсетуваме, Сања веќе некое време живее во Австралија, но од нејзината најголема љубов не се откажа.

Фејсбук/ Сања Ристеска
Имено, Сања и денес се занимава со музика и ја развеселува македонската публика во оваа далечна земја.
Таа е мошне активна и на социјалните мрежи, а неодамна откри каде и со кого ќе настапува во пресрет на новогодишните празници.

Фејсбук/ Сања Ристеска
Станува збор за пејачот од Македонија што победи во „Ѕвездите на Гранд“, Никола Станишиќ, со кого Сања на 14 декември ветува одлична предновогодишна забава во Мелбурн.



