Наши ѕвезди

Кралицата на народната музика во Македонија го прослави роденденот – еве колку години наполни пејачката

Посебен ден за нашата позната фолк-пејачка

Advertisement

Гордо ги носи своите години

Нашата позната фолк-пејачка денес слави роденден, а многу нејзини пријатели и колеги ја изненадија со нивните честитки.

Advertisement

Станува збор за пејачката Благица Павловска која го прослави 67. роденден, години кои таа гордо ги носи.

Фејсбук/ ИН ТВ

Од самиот почеток на својата кариера Благица е омилена кај публиката од сите генерации, но не само заради песните, туку и заради нејзината посебна и секогаш позитивна енергија со која што зрачи.

Таа е омилена и меѓу своите колеги, а многу дами можат да и завидуваат и на шармот со кој плени и во седмата деценија од животот.

Фејсбук/ Благица Павловска

Кралицата на македонската народна музика е родена во 1958 година во Скопје, а со музика се занимава од својата младост.

Нејзиниот живот е полн со многу подеми и падови, но денес таа гордо ги носи своите шеесет и седум години.

Инстаграм/ Марјана Станојковска

И како што самата има истакнато, за нејзината младоликост и елан заслужни се добрата енергија, генетиката, но и музиката.

Како Благица изгледала некогаш, во далечната 1987 година, но и како изгледа денес, на 67 години, погледнете во продолжение:

Фејсбук/ Благица Павловска

Инаку, Благица има три бракови зад себе, а во 2006 година беше во брак со 19 години помладиот Саше Симеонов од Кочани.

Фејсбук/ Благица Павловска

Благица и Саше се венчаа во затвор во италијанскиот град Салуцо, каде Саше беше осуден и одлежуваше затворска казна.

Фејсбук/ Благица Павловска

На нивната венчавка присуствуваше и градоначалникот на ова место, но за жал и овој брак на Благица не траеше долго.

Тие се разделија по 4 години, а Благица по разделбата во една пригода изјави, дека додека била во Австралија, нејзиниот партнер, наводно, бил во џакузи со своите љубовници.

Неколку години подоцна, Благица повторно стапи во брак, па во една пригода за дневниот весник Вечер го изјави следново:

„Доста ми е од сите разочараувања кои ги имав до сега, жената треба да има маж покрај себе кој вооедно ќе и биде и најдобар другар. Да живеам сама не можам, а и не сакам, бракот е убава работа, но само ако ти се погоди партнерот. Мене, најпосле по третпат ми се погоди, така што сега оној мојот препознатлив хит навистина доаѓа до израз. Речиси секое утро на мојот сакан ќе му го испеам тивко на увце рефренот ‘Не можам, душо, не можам без тебе’“, изјави тогаш Благица Павловска, за Вечер.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button